Услуги

Животна средина

Животната средина, одсекогаш претставувала наш интерес и наша должност а особено при преземањето на активности или вршење на дејности, да се создадат услови за обезбедување висок степен на заштита на животната средина и на животот и здравјето на луѓето.

Со нашите напори и преземени активности, со широкиот спектар на искуства, проучени соответни решенија, и низ соработка со релевантни фирми и стручни лица, нашиот стручен тим гарантира квалитетен пристап кон давањето на услуги, зад коe што стои широка лепеза на веќе изготвенa документација.

  • Проекти, Студии, Извештаи,
  • Елаборат за заштита на животната средина,
  • Елаборат и Барање Дозвола за усогласување со Оперативен план
  • Елаборат и Барање Б-Интегрирана еколошка дозвола
  • Елаборат и Барање А-Интегрирана еколошка дозвола
  • План за постигнување на Технички барања за заштита на животната средина од испарливи органски соединенија при користење на бензини; складирање, контењери-цистерни, бензински станици
  • План за спречување и контрола на хаварии и реагирање во итни случаи
  • Ремедијација на локации и грижа по престанок со активностите на Инсталации.

Управување со отпад

За Управување со отпадот, како активности и мерки наменети за избегнување на неговото негативно влијание врз животната средина, и постапување со отпадот на начин за искористување на неговите корисни состојки, нашето долгогодишно искуство во работата во врска со отпадот Ви го ставаме на располагање за:

  • Проекти на Инсталации за постапување со отпад
  • Елаборати за заштита на животната средина
  • Програма за управување со отпад
  • Годишен Извештај за спроведување на Програмата
  • Изработка на Дневник за постапување со отпад
  • Секојдневно водење на Дневник за постапување со отпад
  • Извештаи за водење на Дневник за постапување со отпад
  • Идентификациони и транспортни формулари за постапување со отпад
  • Елаборат и барање Согласност за Собирно место за привремено складирање на отпад (отпадни масла, отпадни гуми, отпадни акумулатори, медицински отпад, отпад од електрична и електронска опрема, искористени возила и сично)
  • Услуги на Стручно оспособено лице-Управител на отпад, што поседув сертификат.

Безбедност и здравје при работа

Безбедноста и здравјето при работа, како важен сегмент, при што се утврдуваат мерките за безбедност и здравје, Еко-Контрол е Овластена фирма за стручни работи од областа на безбедност и здравје при работа.

Ако обавувате било каква дејност во јавниот и приватниот сектор, или сте вклучени во работните процеси, а сеуште не сте ги превзеле мерките потребни за безбедност и здравје при работа на вработените, Ние сме тука, и Ви стоиме на располагање за консултантски услуги и изработка на потребната документација.

Во рамките на општите и другите обврски според Законот, за Вас како Работодавач израбоуваме:

  • Проценка на ризик
  • Изјава за безбедност
  • Обука на вработените
  • Мерење на микроклиматски услови и физички штетности
  • Тестирање и контрла на средствата за работа
  • План за евакуација и спасување
  • Проект за заштита од пожари
  • Услуги на стручно лице за безбедност и здравје при работа
  • План за евакуација и спасување
  • Водење на евиденција за безбедност и здравје при работа

ХАСАП систем - Управување со безбедност на храната

Анализата на Ризикот и Критичните Контролни Точки (АРККТ), The Hazard Analysus and Critical Point (HACCP) систем, е, синоним на безбедна храна или светски признат систем за производство и промет на храната, што во основа има систематски и превентивен пристап што ги препознава; биолошките, хемиските и физичките ризици, и дејствува преку предвидување и превенција.

Заради успешна примена на НАССР системот, со помош на специјално дизајниран Елаборат, правиме напори за потполна посветеност и учество на менаџментот и вработените во Вашето Друштво кои доаѓаат во допир со храната, со придржување кон Правилата за добра хигиенска пракса и Правилата за добра производна пракса

Ние Ви стоиме на располагање за консултантски услуги, и изработка на потребниот Елаборат, нашата обврска спрема Вас, нема да заврши само со изготвување на Елаборатот, ние ќе бидеме со Вас и во фазата на спроведување на НАССР Системот.

  • ХАСАП Елаборат-Управување со безбедност на храната
  • Предусловни програми
  • Опис на производите
  • Анализ на ризик
  • Критични контролни точки
  • Процедури за мониторинг
  • Процедури за примена на ХАСАП Принципите
  • Добра хигиенска пракса и Добра производна пракса
  • Формулари и водење на евиденција
  • Обученост и запознавање на персонал
  • Интерна проверка, Контролни листи
  • Следливост на храната

Заштита и спасување

Заради спроведување на мерките за Заштита и спасување, како Ваша должност да ги организирате заштитата и спасувањето на вработените и имотот, да се подготвувате и да преземате превентивни мерки и активности за отстранување на последиците во врска со заштитата и спасувањето, изработуваме.

  • План за заштита и сасување од природни непогоди и други несреќи
  • Проценка на загрозеноста
  • Проценка на мерките за заштита и спасување
  • Сили за заштита и спасување
  • Оспособеност на субјактита за заштита и спасување
  • Планирање на заштитата и спасувањето
  • Потсетник за употреба на Планот за заштита и спасување
  • Правилник за заштита од пожари и експлозии
  • Пожарен куќен ред
  • Собирно место за заштита и спасување

Заштита од пожари

За спроведување на Мерките и активностите за заштита од пожари; отстранување на причините за настанување на пожари, откривање, спречување на ширење и гаснење на пожари, утврдување на причините за настанување на пожар, како и давање помош при отстранување на последиците предизвикани од пожар, Ви стоиме на располагање за подготвивање на потребна документација, обученост, набавка и сервис на противпожарни средства и слично:

  • Проект за заштита од пожари
  • План за заштита од пожари, евкуација и спасување
  • Обучување за ракување со ПП апарати
  • Потврди за обученост за ракување со ПП апарати
  • Сервис, полнење и продажба на сите видови на ПП апарати
  • Испитување и продажба на хидрантска мрежа
  • Испитување на нисконапонска и громобранска инсталација
  • Продажба на заштитна облека и заштитни средства

Енергетска ефикасност

Енергетската ефикасност како начин за редуцирање на енергетската потрошувачка и елиминирање на енергетските загуби, е и наш приоритет.

Со наша помошт, ќе го решите начинот на однесување за рационалност на корисниците на енергија, одбегнување на несоответна употреба на енергија и избор на најсоответен начин за намалување на индивидуалната потрошувачка на енергија, без притоа да се намалат индивидуалните благодети.

Заради постигнување на соответна енергетска ефикасност, редуцирање на енергетската потрошувачка, како и елиминирање на енергетските загуби, а во исто време и исполнување на Вашите обврски за рационално користење на енергијата Ви нудиме:

  • Изработка на Елаборати за Енергетска Ефикасност
  • Издавање на Потврди за Енергетска Ефикасност
  • Издавање на Сертификати за Енергерска Ефикасност
  • Изработка на Проекти за Енергетсла Ефикасност

Веб-Презентација

Искористете го нашето познавање и искуство во областа на ИТ инженерството, заради Ваша ВЕБ презентација.

Вршиме комплетна изработка на:

  • Веб-сајтови
  • Мени со потребен број линкови
  • Текст со потребен број страници
  • Слики, Лого, Контакт формулар
  • Модул за новости и
  • Се што ќе побарате Вие самите

ИСО-Стандарди

ИСО-Стандардите, како меѓународно признати стандарди кои се базираат на процесниот пристап со кој се развива, применува и подобрува ефикасноста на правните и физичките лица и институциите, а заради зголемување на потребите на корисниците, преку исполнување на нивните барања, не само што ќе Ве направат многу поконкурентни на пазарот поради поседувањето на ИСО-Сертификатите, туку и ќе допринесат за зголемување на организираноста, ефикасноста на работењето, со постојано намалување на трошоците и континуирано подобрување на производите и услугите.

Со намера за вклучување во меѓународно признатите стандарди, вршиме:

  • Имплементација на ИСО Стандарди
  • Сертификација и ИСО Сертификати
  • Одржување на имплементирани ИСО Стандарди

Лабораториски мерења, испитувања и аналии

Акредитираната Лабораторија за мониторинг на животната средина, која ги исполнува сите барања предвидени со националните стандарди и меѓународните прифатливи правила, потребни за вршење на специфични дејности, врши мерења и лабораториски испитувања на високо стручен начин.

  1. Лабораторија за мониторинг на животната срeдина
    • Мерења и извештаи од мерења
      • Бучава, Вибрации, Нејонизирачко зрачење
      • Ултра-виолетово зрачење, Радиоактивно зрачење
      • Радиоактивно зрачење од Радон
      • Отпадни гасови и пареи од стационарни извори (ложишта, котпарници, термогени, агрегати, мотори со внатрешно согорување)
      • Изработка на Дневник на емисии за отпадни гасови
      • Емисија на прашина во отпадните гасови
      • Отпадни гасови во амбиенталниот воздух
      • Прашина, цврсти честички во амбиенталниот воздух; ПМ10, ПМ5 ПМ2,5, ПМ1
      • Испарливи органски соединенија
  2. Лабораторија за мониторинг на работната средина
    • Стручен наод од извршен преглед за испитување на работната средина
      • Струење на воздухот
      • Релативна влажност на воздухот
      • Осветленост на работниот простор
      • Температура во работниот простор
      • Бучава, Вибрации, Нејонизирачко елеклтромагнетно зрачење
      • Ултравиолетово зрачење за отворен работен простор
      • Чистота на воздухот, Прашина во работниот простор, вкупна и респирабилна
  3. Лабораторија за испитување на водите
    • Испитувања на отпадни санитарни води
    • Испитувања на отпадни технолошки води
    • Испитувања на води за консумирање
    • Испитување на води како суровина
    • Испитување на води од акумулации и водотеци
    • Изработка на Основен проект за прочистување на отпадни води
      • Потреби од вода и отпадни води
      • Влијание на отпадните води врз животната средина
      • Отпадни води за прочистување
      • Техничко решение за прочистување на отпадни води
      • Прочистителни станици
      • Реципиент-хидролошки карактеристики
      • Барање Дозвола за испуштање на отпадни води
  4. Лабораторија за испитување на почвите
    • Испитување на почвите
    • Степен на контаминација на почвите
    • Токсични материи во почвите опасни по здравјето и животната средина