Проекти

Проекти, Опрема, Изведба

Нудиме комплетен инжентеринг за разни видови проекти:

  • Проекти за инсталации за производство на Биогас од биоразградлив отпад
  • Проекти за инсталации за постапување со отпад од електрична и електронска опрема
  • Проекти и инсталации за производство на Биогорива од отпадни гуми и отпадна пластика
  • Проекти и Постројки за пречистување на вода за пиење на населението, и чиста вода за потребите на индустријата
  • Проекти и Постројки за пречистување на санитарни отпадни води
  • Проекти и Постројки за пречистување на технолошки отпадни води
  • Сепаратори за одвојување талог, масла и масти; за преработка на замастени атмосверски, процесни и технолошки води, бензински станици, и секаде на места каде постои опасност од загадување на водите
  • Мастолови за таложење на отпадни води
  • Проекти за заштита на објекти од радиоактивно зрачење од Радон

Во Кичево се гради фабрика за производство на Биогас

Фабриката ќе користи Биомаса, биоразградлив отпад, како обновлива и широко распространета суровина; комунален отпад (комунален цврст отпад, канализациона отпадна вода, мил од пречистителни станици за комунални отпадни води и септички јами, отпад од паркови и градини), земјоделско стопански отпад (од оранжерии, овоштарници, земјоделски остатоци, шталски и живинарски отпад), индустриски органски отпад (дрвна, хемиска, прехранбена, пиварска, фармацевстка, индустрија за хартија), отпад од кланици, кујнски отпад, отпад од ресторани, медицински отпад и слично.

Во фабриката ќе бидат инсталирани четири Ферментатори-Дигестори, од по 300 м3, со вкупен простор од 1.200 м3, каде што Биомасата ќе се загрева на температура од 35-550С, при што се продуцира Биогас, а се уништуваат сите бактерии и вируси во Биомасата.

Во Фабриката, ќе може да се ферментита од 15-37 тони биоразградлив отпад на ден, со различна содржина, од кое преку системот на Дигестори, ќе се добива околу 1.800-4.500 м3 Биогас на ден, кој што може да се користи за различни цели.

Произведениот Биогас, може да се користи за енергетски цели, или да се насочува во процес за десулфуризација и дехидратација, после која фаза се добива Метан со чистота од 96%, кој по состав е ист како и земјаниот гас.

Биогасот и Метанот, може да согорува во Гасна турбина, со што ќе се произведуваат околу 2.200-3.700 киловати електрична енергија на ден и до 2.200 киловати топлинска енергија на ден.

Метанот може да се користи и како погонско гориво за моторните возила во бензински и плински станици, во котларници од стопанските објекти за произвдство на процесна енергија, или во други објекти и домаќинствата за загревање во зимскиот период (куќни или колективни системи за парно греење), за дотур во инсталации за гасификација на градовите и населените места, и за многу други потреби.

Како нус производ по завршувањето на процесот, остатокот од ферментацијата ќе се носи во Сепаратор, каде што ќе се одвојува цврстата и течната маса од отпадниот материјал, при што ќе се произведува високо квалитетни; цврсто ѓубриво по околу 3.000-4.500 кг/ден, и течно ѓубриво до 4.000 литри/ден., биогноиво со високи хранливи вредности и содржина на азот, фосфор, калиум, односно еколошко и високо квалитетно цврсто и течно ѓубриво кое ќе се користи во земјоделството, оранжериите, домаќинствата и на други места.

Во рамките на Фабриката, ќе се организира Сервис за производство, инсталирање и одржување, кој што ќе врши: инсталирање на опрема во возила за преадаптација за користење на Метан како гориво и одржување на возилата; инсталирање на опрема за преадаптација, изградба и одржување на котлари во фирми, за производство на процесна енергија; за индивидуални системи за производство на топлинска енергија во грејна сезона за индивидуални, станбени, деловни, јавни и други слични корисници; за постројки-агрегати за индивидуално производтво на електрична енергија на енергенс Метан; за Биогас-пумпи во постојните Бензински станици или во специјализирани наменски самостојни Плинсли станици за Метан; за дотур на самостојно произведена електрична енергија во елеклтроенергетските системи на државата; дотур на самостојно произведена електрична и топлинска енергија во поединечни енергетски инсталации на корисници на електрична и топлинска енергија; дотур на Метан во Гасификациони системи на градовите и населбите.

Инвеститор на фабриката за производство на Биогас, е фирмата “Био-Гас” од с.Жубрино, Осломеј , Друштво за производство , трговија и услуги, увоз-извоз.

Во соработка со други правни и физички лица и експерти, изработувачи на целокупната документација се фирмите “Еко Контрол” и “Еко-Инженеринг”.