За нас

Еко-Контрол е друштво за консалтинг, услуги и трговија, увоз-извоз ДОО од Охрид, коешто е формирано во 2013 година од група ентузијасти и посветеници на консалтингот и услугите во областите на: животната средина, безбедноста и здравјето при работа, безбедноста на храната, ИСО-стандардите и други слични области.

Приоритетна дејност на друштвото е 71.12.-Инженерство и со него поврзано техничко советување, а регистрирани се и дејности во надворешно трговскиот промет.

Еко-Лаб, Лабораторија за мониторинг на животната средина, е подружница на друштвото со седиште во Прилеп, приоритетна дејност на подружницата е 71.20.-Техничко испитување и анализа, а регистрирани се и дејности во надворешно трговскиот промет. Поседува Сертификат за Акредитација, добиена од страна на Националното тело на Република Македонија за акредитаци.

Во целиот овој период на дејствување направивме напори, презедовме дел од активностите, обезбедивме широк спектар на искуства, проучивме соответни решенија, и успеавме во соработка со релевантни фирми и стручни лица да создадеме стручен тим кој гарантира квалитетен пристап кон давањето на услуги, зад кој што стои широка лепеза на веќе изготвена документација и реализирани проекти.

Нашите активности во целиот тој период до денес се насочени кон соработка и со други правни и физички лица за заедничко дејствување во областите, како и вршење на дејности за потребите на други правни и физички лица.

Акредитација

Еко Контрол, Подружница Еко-Лаб, Лабораторијата за мониторинг на животната средина од Прилеп, поседува Сертификат за Акредитација Бр. ЛТ 053 ос 09.09.2015 год. издаден од Институтот за акредитација на Република Македонија, за исполнети барања за Стандардот МКС EN ISO/IEC 17025:2006, со опсег на Акредитацијата: теренски испитувања на бучава и воздух во животната средина, емисии од стационарен извор и лабораториско испитување на отпадна вода, со што е потврдено дека се исполнети сите барања предвидени со националните стандарди потребни за вршење на специфични дејности.

На таков начин и формално е призната стручноста и компетентноста на фирмата, за обавување на дејностите во опсегот на акредитацијата, односно дека фирмата е способна да ја обавува дејноста во склад со меѓународните прифатливи правила.

Акредитацијата на Лабораторијата на фирмата, ќе послужи како средство за потврдување на лабораториската техничка компетентност за обавивање на испитувања, и доказ дека лабораториските работи се вршат на стручен начин, при што се задоволуваат потребните стандарди.

Соработка

Во целиот период на дејствување, настојувавме и успеавме да соработуваме со релевантни фирми и стручни лица, со што обезбедивме широк спектар на искуства што ни овозможи да проучиме квалитетни решенија и да создадеме стручен тим кој гарантира квалитетен пристап кон давањето на услуги, зад кој што стои широка лепеза на веќе изготвена документација и реализирани проекти.

Нашите активности во целиот тој период до денес а и понатаму, се насочени кон соработка со овие правни и физички лица за заедничко дејствување во областите, како и вршење на дејности за потребите на други правни и физички лица, кој број не завршува само со наброените: